Ангела Меркер и ЦДУ победија на денешните избори во Германија покажаа првичните резултати од изборите.Демохристијаните освоиле 42 проценти од гласовите, а Социјалдемократите се проценува дека освоиле 25 проценти од избирачите.
Доколку се покажат како точни и првичните резултати за либералите кои со 4,7 проценти не го обезбедија цензусот за влез во паралментот, Меркел ќе мора да бара нов колаициски партнер. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека Меркел освои трет мандат, но дека веројатно ќе мора да прави коалиција со социјалдемократите, нејзините традиционални ривали.
По објавувањето на првичните резултати, Меркел им се заблагодари на сите кои гласале за демохристијаните.
-Можеме да се радуваме, остваривме одличен резултат. Ви се заблагодарувам на довербата. Тоа беше изборна борба во која дадовме се од себе. Посебно им се заблагодаруваме на младите луѓе кои постојано беа со нас. Покажавме дека сме подготвени да сториме се со цел следната година да биде успешна за Германија.Рано е да зборуваме каква влада ќе имаме. За тоа ќе разговараме утре, кога резултатите ќе бидат официјални. Но, затоа сега можеме да славиме – рече Меркел.
Нејзиниот досегашен партнер во владата, ФДП, можно е да не влезе во парламентот. Тоа би значело повторување на десно-левата коалиција што таа ја предводеше во првиот мандат, од 2005 до 2009 година.