Германската канцеларка Ангела Меркел и централно-левичарскиот ривал на изборите Пеер Штајнбрук ќе учествуваат во нивната единствена телевизиска дебата на изборите, јавува ББЦ.
Настанот се гледа како Најголемата шанса на лидерката на социјалдемократите (СПД) да го намали водството на Меркел во анкетите за јавното мислење, пред изборите овој месец.
Иако конзервативниот блок на канцеларката се очекува да победи, нејзините коалициски партнери се справуваат лошо на анкетите.

90-минутната дебата почнува во 18:30 и ќе биде емитувана на главните канали.
Остануваат уште три недели до гласањето на 22 септември, но она што е сигурно е дека двајцата кандидати ќе бидат на тешки маки со оглед на тоа што ќе се соочат со четворица новинари пред околу 20- милионска ТВ публика.
Одговорите на двајцата кандидати се лимитирани на 90 секунди.

