Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Ова денеска го изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западен Балкан. Спорот Македонија – Бугарија се отворил како тема на осмиот состанок на Берлинскиот процес.
Меркел наведе дека регионот моментално се соочува со три тешкотии и тоа, спорот меѓу Македонија и Бугарија, спорот меѓу Србија и Косово, како и случувањата во Босна и Херцеговина.
„Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Иднината на регионот е во ЕУ и тоа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ“, рече Меркел.