Германски конзервативците на чело со канцеларката Ангела Меркел извојуваа убедлива победа на парламентарните избори, но нема да бидат во можност да владеат без коалиоциони партнери.
Целосните резултати покажуваат дека меркелината конзервативна Христијанско демократска унија и сестринската Христијанско социјална унија добија скоро 42 отсто од гласовите, што е најдобар нивен изборен резултат во изминативе 23 години.
Досегашниот коалициски партнер, либералите (ФДП), за прв пат по Втората светска војна не успеаја да го преминат петшроцентниот праг и да влезат во Бундестагот. Добија само 4,8 отсто, што е речиси 10 отсто помалку отколку пред четири години.
Сега е прашање со кого ќе коалицира партијата на Меркел, со оглед на тоа што за апсолитното мнозинство и беа потребни уште само 5 парламентарни места.
Во Бундестагот, кој ќе има 630 пратеници мнозинство од 319 места се уште имаат опозициските партии.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) доби 25,7, Зелените 8,4 и 8,6 проценти од гласовите за Левицата. СПД освои нешто повеќе гласови, другите две партии со послаб резултат отколку во претходните избори.
Сепак, Ангела Меркел останува канцеларка.