Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерѕос: Со чесен договор, за 20 години нема да има никакви двоења

0
By Нова ТВ on April 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребно е да се најде решение на проблемот со името, а со еден чесен договор, нема да постојат никакви двоења, вели Никос Мерѕос, грчки писател, историчар, новинар, поранешен советник на неколку грчки премиери и поранешен претседател на грчкото „Друштво за македонски студии“.

– Потребно е да се најде решение. Точка. Ова требаше да се заврши уште во 1992-1993. Тогаш разговарав јас со Глигоров, бевме многу блиску. Второ, треба да се стабилизира и вашата држава и нашата држава. Затоа што овие работи се меѓусебно поврзани. Им велам, Вардар стигнува до Солун, во ред, ние едната половина ја нарекуваме Аксиос, но е истата река. Треба да најдеме решение и едниот народ да не го навредува другиот. Особено посилниот да не го навредува послабиот, но и послабиот да покаже разбирање, да покаже вистинско пријателство. Јас сум сигурен, убеден сум, од она што го имам поминато во животот, дека ако се постигне договор, со чесен договор, за 20 години нема да постојат никакви двоења, вели Мерѕос во разговор за МИА.

Мерѕос во изминатиот период, преку текстовите и обраќањата во Грција, повикува да се реши проблемот, а неговиот став се поклопува со оној на грчката влада – договор со сложено име.

– Решението треба да биде со сложено име. Ние викаме Македонија е грчка, јас сум Македонец – Грк, Борисов е Македонец – Бугарин. Има Евреи – Македонци. Вие сакате монопол, само-идентификувајте се како што сакате, но да се разликува еден од друг, вели Мерѕос.

Во однос на тоа дали името треба да биде на македонски јазик, без превод, според грчкиот писател би било добро да е така, но не е нешто што е задолжително.

– Добро ќе биде да е на вашиот јазик. Но, ако една странска земја, сака да го преведе името на пример North Macedonia, што ќе правиме? Ќе ја тужиме?, коментира Мерѕос.

Во март 2016, околу 100 македонски студенти, заедно со седум професори со цел подобро запознавање, градење доверба и пријателство, меѓу младите, но и воспоставување соработка меѓу академските заедници, беа во тридневна посета Солун, по покана на невладината „Друштво за македонски студии“, чиј прв човек, во минатото, беше токму Мерѕос. Навраќајќи се на тридневната посета, тој вели дека била многу корисна и испратила пријателска порака кон Грција.

– Беше многу добро искуство. Затоа што пораката не беше кон студентите, пораката беше кон Грција, и за тоа имам пишувано и сега, кога излегоа со знамињата. Им велам соседи сме, сакате – не сакате ќе живееме заедно, вели грчкиот писател и новинар и потенцира дека е корисно почесто да се одржуваат вакви средби.

Оние за кои Мерѕос вели дека „излегоа со знамињата“, всушност се демонстрантите што во Солун и Атина „го бранеа името Македонија“, а кои Мерѕос ги повикува за време на викендите да дојдат во Солун да прошетаат и да видат дека повеќето се македонски туристи кои воопшто немаат намера „да го ослободат Солун“.

Според медиумите во Грција, Мерѕос бил еден од организаторите на протестите за Македонија во 1992- та, 26 години подоцна, не ги поддржа демонстрациите во Солун и Атина и континуирано вели дека е потребно да се постигне договор со сложено име.

Пред две седмици, Никос Мерѕос, во грчкото МНР ја промовираше неговата нова книга „Македонското прашање“, а на промоцијата говореа шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис.

Грција Никос Мерѕос писател спор со името чесен договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.