Oколу 20 часот вечерва мештани од село Кожле пронашле делови од авионот кој исчезна од радарот на скопскиот аеродром„Александар Велики“, потврдија за НОВА од МВР. Телата на патниците се уште не се пронајдени.
Делови од авионот  се пронајдени кај месноста Кремење во атарот на велешкото село Кожле. Во авионот имало шест патници, четворица италијански и двајца косовски државјани.
авион нова o
За несреќата известен е јавен обвинител и претседателот на Комисијата за воздухопловни несреќи Сотир Костов. Увидот продолжува утре поради лошите временски услови.