Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и неговиот татко ќе одговараат пред шпанскиот суд за обвинувањата за затајување данок од 3,4 милиони фунти – обвинувања кои и двајцата ги негираат.
Меси се појави пред шпанскиот суд по жалбата поднесена од страна на државниот обвинител во јуни, во која се наведува дека тој и неговиот татко Хорхе се обиделе да прекријат данок.
Аргентинецот и неговиот татко ги негираа обвинувањата дека сториле нешто спротивно на законот, по обвиненијата дека сокриле повеќе од 4 милиони евра од 2006 до 2009 година.
„Никогаш сам не се справувам со данокот, а ниту мојот татко“, изјави Меси во јули. „Имаме наши адвокати кои се грижат околу тоа, и им веруваме дека ќе ја расчистат оваа ситуација“.
Играчот на Барселона надоплни дека не е запознаен со процедурите и токму затоа имаат луѓе кои се грижат по тоа прашање.