Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Повеќе градоначалници во оркестрирана поддршка за Талески

0
By Нова ТВ on June 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 18, 2016 14:17

Повеќе градоначалници од општините со кои раководат луѓе од ВМРО-ДПМНЕ застанаа во одбана на градоначалникот на Битола Владиир Талески. Градоначалниците на Охрид, Прилеп, Босилево, Кривогаштани, Ресен и Новаци го бранат Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола, анализира Мета.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески тврди дека Талески е чесен и искрен градоначалник и пред се многу добар човек, кој не би ги прекршил законите на Република Македонија.

– Верувам дека низ една регуларна судска постапка или правна процедура тој ќе го докаже тоа – рече Бакрачески, додавајќи дека има верба во правосудниот систем на РМ и во судските органи.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е убеден и уверен во чесноста на постапките на Талески, додавајќи дека тој важи за еден од најуспешните градоначалници во Македонија.

– Господинот Талевски пожртвувано три мандати се бори за развојот на Битола, на Пелагонискиот регион, за промоција на Битола и Македонија. Ова значи комплетно дискредитирање, обид за дискредитирање на господинот Талевски и локалната самоуправа во заложбите за попросперитетен развој на Битола и Република Македонија, рече Ристески.

Според градоначалникот на Босилево, Љупчо Колев, Закон за јавни набавки е донесен под сугестии и директиви на Европската унија, градоначалникот нема големо влијание врз набавките на стоки и услуги во општините, а за она што се товари Талески времето ќе покаже дека било во согласност со сите законски прописи.

Градоначалник на општина Кривогаштани, Тони Затковски исто така рече дека е убеден во чесноста на битолскиот градоначалник и додаде сите политички хајки кои што се одвиваат во овој период во Македонија се деструктивни.

– Со таквиот начин на дејствување, доаѓа секој во Македонија да претставува некој експерт, носи правда на своја рака и сметам дека треба да ги оставиме сите судски институции да си ја реализираат својата работа, а не да подлегнуваат под тие притисоци, рече Затковски.

Градоначалниците на општините Ресен и Новаци, Ѓоко Стрезовски и Лазар Котевски денеска на прес-конференција оценија дека судство потклекна под притисоците на СДСМ и на Зоран Заев.

– Македонскиот народ ова не го одобрува. Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник. Тој беше и претседател на Советот на пелагонискиот регион и успешно ги спроведуваше програмите за развој на регионот. Не го оправдуваме ова насилие на СДСМ и Зоран Заев. Талевски не заслужува третман каков што го има во моментот – рече градоначалникот Котевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
ФОКУС
February 9, 2026

Скопје: ССМ повикува на блокада на пратениците пред собранието – утре, вторник 9:00

ВЕСТИ February 9, 2026

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ…

Утре во 9 часот почнува работнички протест со блокада на пратениците

February 9, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

February 8, 2026

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.