Времето денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Има услови и за појава на краткотрајно невреме и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.
Од среда следува период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со постепен пораст на температурите.