Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места, особено попладне, се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има и невреме. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје слично време со минимална температура до 17 степени и максимална до 26 степени.
Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.