Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови, во северните и источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, со силен ветар и електрични празнења. Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 22 степена, дневните од 32 до 38 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Утринската температура ќе биде околу 19 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела и во понеделник ќе дува засилен северен ветар, што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови.