Времето денеска ќе биде променливо облачно претпладне, а од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветар од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал 14 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните температури ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.