Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните и во источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер.
Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен правен, а во останатите од северозападен правец, а УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната температура до 33 степени. Од понеделник ќе следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.