Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 22 степена, а дневните ќе достигнат од 28 до 36 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветар од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде до 18 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Од понеделник следува период на стабилно време. Од денеска до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветар што ќе придонесе за намалување на температурата на воздухот.