Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. И во скопската котлина попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе достигне 19 степени, а максималната – 35.
Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови во кои во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно и со намалување на дневните температури.