Времето претпладне ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од променлив правец, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветар. Доцна попладне, во делови од котлината, ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде до 15-от степен, а дневната ќе достигне 32 степена.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.