Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.
Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.