Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од земјата и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 32 степена.