Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.
Во наредниот период продолжува сончевото и топло време со раст на дневните температури. Особено топло ќе биде во недела и во понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.