Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, дневната во интервал од 26. до 32. степен додека УВ-индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде до 14. степени, а дневната ќе достигне 31. степен.
За време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник.