Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 7. Утринската температура ќе се движи од девет до 20 степени, а дневната од 23 до 35 степени.
Идентични временски услови и во Скопје со утринска температура до 16 степени и дневна до 30. степен. Од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.