Ќе продолжи долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе добива на интензитет, прогнозира метеорологот Славчо Попоски за НоваТВ.

Што се однесува до температурите, тој вели дека од утре па натаму тие ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, а особено топло ќе биде од четврток, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран од Африка.

„Тогаш температурите, речиси, насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40 степени, а локално во овие предели температурите ќе надминуваат дури и 40 степени. УВ индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности”, советува Попоски.

И во Скопскиот регион, прогнозира тој, продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец и истиот повремено ќе добива на интензитет. Температурите во следниот период ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, а особено топло ќе биде од четврток како и за време на викендот, кога истите ќе се проближуваат до 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.