Метју Нимиц денес ќе пристигне во посета на Македонија.
Во текот на два дена тој ќе има средби со македонскиот државен врв, а на 30 јули заминува за Атина каде ќе има разговори со раководството во Грција.
-Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната недела, изјави за програмата „Гласот на народот“ Нимиц.
Во официјалното соопштение на ОН се наведува дека целта на средбите е да се интензивираат разговорите под нивно покровителство насочени кон изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот за името. Според медиумите и во Македонија и во Грција Нимиц нема нема да донесе нов предлог. Инаку на овие средби посредникот ќе се запознае и со новиот македонски пратеник во спорот Васко Наумовски.
Грчките медиумите ја најавија посетата уште минатата недела. Засега без прогнози и коментари, медиумите само ја пренесуваат веста на државната агенција АНА-МПА која го цитира соопштението на ОН во кое се вели дека „целта на средбите е да се интензивираат разговорите под покровителство на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“.



