Ураганот Метју којшто расели десетици илјади и уби речиси 90о луѓе на Хаити, денеска пристигна и на југоисточниот брег на САД. Многу градови се поплавени и многу патишта се расечени откако Метју удри во крајбрежјето на Атлантскиот океан.
Извештаите од светските медиуми јаваат за четири мртви во Флорида, а милиони семејества се уште се без струја.
Денеска се евакуираа околу половина милион луѓе од градот Џексонвил во Флорида. Вчера беа наредени евакуации во Џорџија, Јужна и Северна Каролина.
Претседателот на САД, Барак Обама, вчера преку соопштение ги повика граѓаните на погодените подрачја да ги послушаат повиците за евакуација упатувајќи апел дека САД како земја ќе ги поправи материјалните штети, а сега е единствено важно граѓаните да останат живи и здрави.