Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Со Стратегијата за развој на финансискиот пазар до алтернативни можности за финансирање на компаниите, повеќе можности за инвестирање на домаќинствата и за странските инвеститори

0
By НОВА ТВ Balaban on February 9, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целта на Стратегијата е динамизирање на пазарот на капитал и достигнување на развиеност  на ниво на просекот во ЕУ.

Повеќе можности за финансирање проекти за компаниите, зголемена понуда на инструменти за инвестирање, како и привлекување на странски инвеститори се главните цели на Стратегијата за развој на финансискиот пазар, што, на предлог на Министерството за финансии, ја усвои Владата на РС Македонија.

– Главните домени на Стратегијата за развој на пазарот на капитал се: зголемување на понудата на сопственички хартии од вредност, преку стимулирање на иницијалните јавни понуди и целосна или делумна приватизација преку берзата со цел развивање на примарниот пазар на акции, зголемување на понудата на должнички хартии од вредност, преку издавање на голем број на различни типови на обврзници со цел зголемување на инвестициите и промена на сопственичката структура, а заради потребата од развивање на секундарен пазар на должнички хартии од вредност, како и зголемување на искористувањето на потенцијалите на институционалните инвеститори во функција на развојот на пазарот на капитал, промена на архитектурата на небанкарската финансиска регулација, организиран (институционален) пристап во подигнување на финансиската едукација во доменот на пазарот на капитал, соопшти Министерството за финансии.

Целта на Стратегијата е динамизирање на пазарот на капитал и достигнување на развиеност  на ниво на просекот во ЕУ. Притоа, како индикатори за достигнување се поставени нивото на пазарна капитализација, ликвидноста на пазарите на капитал, структурата на изворите за финансирање на проектите кај компаниите, структурата на инвестициските портфолија на индивидуалните инвеститори и нивото на финансиска едукација.

Улогата на финансиските пазари во сите земји е многу важна за економскиот раст. Централниот пункт на економските политики се инвестициите, па оттука и развојот на пазарот на капитал е значаен долгорочен економски фактор кој влијае врз обемот на производство и вработеноста.

Покрај мерките за проширување на понудата на инструментите на пазарите на капитал, Стратегијата предвидува мерки за зголемување на побарувачката на хартиите од вредност, кое се постигнува  преку зголемување на атрактивноста на финансиските инструменти, олеснување на регулаторните ограничувања и подигнување на свесноста и финансиската едукација на учесниците.

Пазарот на капитал е местото каде компаниите имаат можности за мобилизирање на пофлексибилни извори на финансирање. Доминантно застапените традиционални начини на финансирање преку банкарски кредити, ќе се здобијат со алтернативи кои ќе бидат од корист, особено за компаниите во рана фаза на развој и растечките компании преку издавање хартии од вредност, како и организирање фондови за ризично финансирање. Имено, секоја идеја која успешно ќе се финансира и развие преку т.н. фондови за ризично финансирање или платформите за групно финансирање (crowdfunding), својот понатамошен развој ќе може понатаму да го поддржи и преку пазарите на акции.

За домаќинствата пак, пазарот на капитал претставува можност за долгорочни вложувања и остварување на повисоки приноси, кои истовремено може да се стабилизираат преку диверзификацијата. Значаен акцент на Стратегијата е ставен на зголемувањето на учество на домаќинствата и домашните и странски институционални инвеститори.

Привлекувањето на странски инвеститори, со цел вбризгување на свеж странски капитал, а со тоа и зголемување на стапките на раст на економијата ќе се спроведе преку дефинирање на начинот на презентирање на инвестициските можности на земјата, анимирање на компаниите за учество на регионални инвеститорски конференции, како и подигнување на визибилноста и достапноста на домашните хартии од вредност за странските инвеститори.

Во целиот овој процес важна улога игра и финансиската едукација со која ќе се доближат новите можности до потенцијалните корисници и нивно искористување од поголем број инвеститори.

Со цел зголемена ефикасност на регулаторините тела и сеопфатен пристап при регулирање, Стратегијата предвидува обединувањето на регулаторите на финансискиот  пазар кои ќе имаат одговорност за сите процеси на финансиските пазари. Денес, финансиската регулација во Северна Македонија е поставена на тој начин што повеќе финансиски регулаторни тела регулираат одреден специфичен сегмент од финансискиот пазар.

Стратегијата  e подготвена низ инклузивен процес на размена на идеи и консулатации во рамките на Советот за развој на пазарот на капитал со кој раководи Министерството за финансии на РС Македонија.

Основните цели на Стратегијата се зголемување на придонесот на пазарот на хартии од вредност во БДП на земјата, зајакнување и задржување на стабилноста и сигурноста на финансискиот систем,  поддршка за развој и имплементација на дигиталните решенија за зголемување на достапноста на инструментите на пазарот на капитал, подигнување на ефикасноста на процесите кои се одвиваат во него и друго.

 

 

Министерството за финансии Стратегијата за развој на финансискиот пазар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.