Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФН: Да се ослободи Кежаровски

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 6, 2013 14:44

Меѓународната федерација на новинарите бара да се ослободи Кежаровски

Меѓународната федерација на новинарите како и Европската федерација на новинарите го осудија апсењето на Томислав Кежаровски новинар во весникот „Нова Македонија“ кој од 28 мај е во истражниот затвор .

„ Го осудуваме начинот на кој што беше уапсен Кежаровски како и самото апсење кое е во спротивност со неговото право како новинар да обезбеди информации од јавен интерес“ изјави претседателот на МФН Џим Боумела .
Според членките на МФН од Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите ССНМ и

Здружението на новинарите ЗНМ Кежаровски е уапсен и во притвор за сторија објавена во 2008 година. Тој е обвинет дека го открил идентитетот на заштитен сведок кој подоцна изјави дека дал лажна изјава како резултат на притисок од страна на полицијата.
Од Кежаровски е побарано да го открие изворот врз основа на кој го напишал текстот, но тој одбива тоа да го стори.

„Ова е грубо кршење на правото на новинарот да го заштити својот извор, што е гарантирано и со домашното законодавство (член 16 од Уставот на Република Македонија) како и со европските закони за слобода на изразувањето“ изјави Могенс Ближе Бјергард претседател на Европската федерација на новинарите.
Меѓународната и европската федерација на новинарите во денешното соопштение бара итно и безусловно ослободување на Кежаровски.

Барањето на ССНМ и ЗНМ за поддршка во случајот со новинарот Кежаровски и на правото на новинарите за заштита на изворите и слободата на изразувањето на конгресот на МФН што се одржува во Даблин, Ирска на кој што учествуваат повеќе од 300 делегати од 120 земји, беше е поднесено заедно со синдикатите на Белгија, Хрватска и Србија како и со здружението на новинарите на Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.