Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МГ Фешн: Имаме основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, ако се случи суспензија на план

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 23, 2021 14:18

– Компанијата МГ Фешн, во консултација со својот адвокатски тим, информира дека има основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, доколку Општина Центар донесе одлука за суспензија на деталниот урбанистички план со кој е засегната МГ Фешн како инвеститор на проектот Гранд Скопје.

Евентуалното прифаќање на иницијативата да се искористи законската можност за суспензија на планот за градење, од страна на Општина Центар, ќе предизвика огромна материјална штета по нас како инвеститор, на ионака веќе претрпената штета во изминатите 3 години како последица на мораториумот – неуставна и незаконска мерка, која дури два пати беше поништена со Одлука на Уставниот суд.

„Штетите кои ние како инвеститор ги трпиме од неуставно и незаконски попреченото право на градба кое произлегува од правото на сопственост, и тоа врз основа на важечки ДУП донесен во законита постапка, се проценети на десетици милиони евра и таа штета потенцијално ќе падне на товар на општината. Според законот, за урбанистичките планови од локално значење штетите ги сноси единицата на локалната самоуправа, односно Владата на Република Северна Македонија за урбанистичките планови од државно значење. “ – истакнуваат од МГ Фешн.

Согласно членот во Законот за урбанистичко планирање на кој се темели иницијативата за суспензија, треба да се докаже несомнена штета по јавниот интерес што е воочена при спроведување на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување. Притоа, не е јасно која е таа несомнена штета по јавниот интерес, особено со оглед на фактот што Општината нема ниту еден доказ за ваквата штета.

„Не само што штетата не е докажана, туку и на овој начин одредбите од законот се злоупотребуваат за цели кои се во спротивност со јавниот интерес и правата на граѓаните. Граѓаните, жителите на општината и државата трпат штета, затоа што со стопираната градежна активност во општината се намалува конкуренцијата во станбената изградба и расте просечната цена по метар квадратен во таа општина, општината не остварува приходи од комуналии, кој е главен извор за финансирање, со што на општината и се намалува можност да решава проблеми од локално значење, и на крајот државата не остварува приходи од данок на додадена вредност, и други давачки, со што трпи буџетот.“ – појаснуваат од МГ Фешн.

Од сето наведено, очигледно е дека не постои несомнена штета по јавниот интерес што е воочена во текот на спроведувањето на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување, напротив спроведувањето на суспензија на плановите за градење е на штета на јавниот интерес, која континуирано се зголемува уште од донесувањето на првата одлука за забрана за градење.

Потсетуваме дека деталниот урбанистички план е донесен во законита постапка, во која постапка од страна на вклучените органи Град Скопје, Министерство за транспорт и врски била проверувана усогласеноста на планот со плановите од повисоко ниво, вклучително и Генералниот урбанистички план, по што по спроведена јавна анкета истиот план бил донесен, а сé до донесување на нов на важност е посточекиот детален урбанистички план.

Идејното решение , кое е одобрено од Општина Центар е со параметри кои се 55% помали од предвидените со важечкиот ДУП .

Гранд Скопје ќе биде урбан и зелен комплекс со модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м. Во однос на зеленилото, проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини.

На крајот сакаме јасно да ставиме до знаење дека нема да дозволиме да се доведува во прашање правната постапка зад проектот Гранд Скопје бидејќи во истата нема никакви правни недоследности, воедно ниту интегритетот на МГ Фешн, компанија која повеќе од 15 години успешно работи на македонскиот пазар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.