Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски бара внимание

0
By Zoran Ivanov on June 29, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 29, 2026 22:29

Слушам дека и подготовките за НАТО самитот што треба да се одржи во Анкара на 7. и 8. јули во Анкара се целосно запрени, затоа што генсекот Марк Руте и неговата заменичка Радмила Шекеринска донеле одлука прво да ја решат оваа ситуација со Мицкоски и големата опасност во која е доведено неговото семејство шест месеци по престојот во Бугарија, на што протечената дипломатска нота и се однесува.

Џабир Дерала

Кога една сериозна закана со монументални размери, споредлива со тридневната „специјална воена операција“ на Путин, не успева да ја расплаче и крене целата нација на нозе, тука нешто не е в ред, навистина. Логично беше премиерот да крене раце и да бара нова тема. Па можеби и друга нација. Но тој не се откажува. Мицкоски не е таков човек. Иако „скандалот“ со протечената дипломатска нота не ја потресе нацијата, тој донесе храбра и горда одлука да не се откаже.

И навистина, кому му е гајле што таму некој си лик со тетоважа на Путин ги запали автомобилите на бугарската амбасада среде бел ден? Па тоа се тривијалности, обични ситници! Владиниот ПР маестрално процени дека на домашната јавност ѝ треба вистинска драма – епски трилер со стара дипломатска нота и со Мицкоски во главната улога на загрозен херој. Планот е брилијантен: да се спаси народот од реалноста, каде што се палат коли, а уште повеќе од ќор-сокакот во кој се наоѓа државата по сите вертикали и хоризонтали. Тоа што инаку подмачканата пропагандна машина на ВМРО-ДПМНЕ овојпат малку зариба, воопшто не го обесхрабрува премиерот. Тој машки се држи до темата и упорно се обидува да ѝ ја извади маста, па макар и на суво.

Народот, кај да е, ќе се расплаче.

Слушам дека и подготовките за НАТО самитот што треба да се одржи во Анкара на 7. и 8. јули во Анкара се целосно запрени, затоа што генсекот Марк Руте и неговата заменичка Радмила Шекеринска донеле одлука прво да ја решат оваа ситуација со Мицкоски и големата опасност во која е доведено неговото семејство шест месеци по престојот во Бугарија, на што протечената дипломатска нота и се однесува. И Доналд Трамп повторно распали по Иран, бидејќи Пит Хегсет не можел да ја најде Бугарија на Гугл мапс.

Сатирата на страна, навистина беше чудно што Мицкоски толку пренагласено се занимава со оваа тема до моментот кога тој, односно неговата партија, го прозва, поточно го обвини СДСМ и неговиот шеф, Венко Филипче, за „молк“! Не реагирале со осуда на лошите Бугари кои го довеле неговото семејство во „опасност“.

Чекајте малку, а зошто некој би реагирал воопшто?

Упс, сега ми текна, па премиерот се чувствува осамено! Имено, осаменоста не значи дека нема луѓе околу вас, тоа чувство може да се роди во некого, без оглед на тоа дали и колку е опкружен со луѓе.

Можеби има и потреба од внимание и нежност, поддршка. Ако вака се погледнат наративите што тој ги плете околу себе во врска со случајот Пампорово/дипломатска нота, некако работите добиваат некаква смисла и логика. Ова не е сатира, сериозен сум. Тоа чувство е опишано во илјадници стручни и уметнички дела и не треба човек да се подбива со тоа.

Од друга страна, секогаш е добро време да се напаѓа опозицијата, без оглед на тоа колку е слаба, бидејќи тоа ја создава сликата дека нешто се случува, дека некој нешто се обидува да направи, а некој таму расипува. Така е, предавничката опозиција, лошите Бугари и Албанци, а особено Албанки – кои во меѓувреме тргнаа во освојување и на машкиот базен во Тетово – постојано коваат заговори против земјата и против власта. А и Грците – кои ни го украдоа името во соработка со домашните предавници – не мируваат, особено не в лето. Класични хибридни закани!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.