Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници за претстојните Локални избори се осврна и на резулуцијата „црвени линии“ за Бугарија, која ја презентираше претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Мицкоски потенцираше дека додека тие борат за чесна и успешна Македонија, а какошто рече „гледаме за што се борат нашите противници“.
Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман? Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и какошто рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.