Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешното обраќање во МНТ по повод „23 Октомври“.

Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека убедливо ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле на било каков начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи. И сето тоа во извесна мера е и обид да создаде алиби за својот дебакл. Да го задржат лидерството од бранот незадоволство на членовите на таа партија. Овој бран на огромна поддршка за нас и ваква разлика со конкурентите е огромна одговорност за нас, и ние ќе работиме да ја оправдаме довербата.
А на опозицијата ќе им оставаме време да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план, рече премиерот.

Мицкоски истакна дека веселата математика на опозицијата и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор.

Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат – може и да им се оствари. Последните избори испратија порака и до нивниот коалиционен партнер – ДУИ. Тие добија порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, јастреби и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот- живот што граѓаните 20 години не го добија со таа политичка партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас. Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенри треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики. Ако тоа е така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата нив и Али од Зајас, кои сакаат да го заменат, посочи премиерот.

Премиерот рече дека денес, нашата татковина не е веќе сон во туѓи книги, таа е држава со свое име, свој јазик, своја гордост, иднина. Но токму затоа, нашата должност е поголема. Да ја чуваме таа држава од поделби, од омраза, од цинизам и апатија. Да ја чуваме со љубов, со визија и со одговорност. ВМРО ни го остави најголемото наследство-верата дека ништо не е невозможно кога народот е обединет. Таа вера е темелот врз кој градиме оваа наша татковина- на знаење, на труд, на еднакви шанси и правда за секого. И кога ќе градиме училишта, болници, фабрики и патишта- ние не градиме само институции, туку ја продолжуваме револуцијата, во мир, со дело, со ум, со срце. Секоја генерација има своја борба. Нивната беше за држава, а нашата е за вредности. Мора оваа земја да биде место каде што ќе владее ред, почит, правда и достоинство. Место каде младите нема да заминуваат, туку ќе создаваат. Место каде што ќе се слуша македонскиот јазик со гордост, а не со страв.
И токму затоа, на овој свет ден, посакувам да си ветиме едни на други- дека нема да го заборавиме заветот на тие што ни ја подарија слободата. Дека ќе останеме исправени кога е најтешко, достојни кога е најлесно, и обединети кога некој ќе се обиде да нè раздели. Да си ветиме дека ќе ја чуваме Македонија со истата љубов со која тие ја сонуваа. И дека кога идните генерации ќе зборуваат за нас- ќе кажат дека оваа генерација не ја изневерила својата татковина. Затоа денес, кога го чествуваме овој свет ден, да не зборуваме само за минатото, туку за иднината што сме должни да ја изградиме. Да ја направиме Македонија држава со вредности, со ред и закон, со народ што верува во себе. Да изградиме земја каде младите ќе останат, каде секој труд ќе се наградува, каде што никој нема да биде заборавен. Нашата генерација ја има истата задача што тие ја имаа- да ја брани Македонија, но на поинаков, нов начин: со знаење, со интегритет, со мудрост и со визија. Затоа што денес патриотизмот не се мери со зборови, туку со дела. Со секој мост што ќе го изградиме, со секое училиште што ќе го подигнеме, со секој живот што ќе го подобриме. Така се продолжува делото на Организацијата. Така се покажува љубов кон Македонија. Не со зборови што гласно одѕвонуваат, туку со дела што тивко траат, порача Мицкоски.

Истакна дека денес, кога го гледаме знамето како се вее, треба да знаеме дека тоа не е само парче ткаенина.

 

говор Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.