Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков vs Шеќеринска

0
By Нова ТВ on November 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 1, 2013 20:46

Судирот Шеќеринска-Мијалков, започна вчера, кога заменик-претседателката на СДСМ на собраниската говорница го отвори прашањето за енормно зголемената имотната состојба на директорот на УБК, според имотните листови, но одговорите ги побара директно од премиерот Груевски.

Причините на Шеќеринска зошто токму му се обрати на премиерот таа ги образложи: Од Мијалков е невозможно да се побара отчет во Собранието, бидејќи тој никогаш не се појавил во ресорната собраниска комисија, тој е висок функционер директно поставен од владата, но и Груевски го потсетуваше дека се работи за негов прв братучед и дека одговорите веројатно токму тој најдобро ги знае.

Но, Шеќеринска изјави дека вакви прашања не би му поставила лично на премиерот, кои би се однесувале на неговата имотна состојба, затоа што, “тоа е ризична работа”.

Прашањата на Шеќеринска се однесуваа на зголемувањето на имотот на Мијалков- за само 5 год. станал 1,6 милиони евра- од 1,1 милион евра во 2008 година, пораснал на 2,7 милиони евра во 2013 година.

Спорна е и продажбата на основачки влог на фирма и уште половина милион евра на продажба на сопственички удел во странска фирма, но под лупа се и часовниците, семејниот накит и сликите, додаде таа.

Премиерот Никола Груевски на ова излезе со одговор:

-Секој функционер има обврска да внесува податоци во анектни листови и сите тоа го имаат направено. Тоа го има сторено и Сашо Мијалков. За сите детали ќе си одговори тој, јас не можам за секој функционер да давам одговори. Знам дека до стапувањето на државната функција Мијалков бил приватен бизнисмен.

Шеќеринска после овој одговор на Груевски, го обвини токму него:

-Страшно е кога премиерот не вели дека ќе се распраша за ваквите информации, туку вели дека тоа не е негова тема. Па како може да не е тема на премиерот кога државен функционер за пет години си го зголемува имотот за 1,6 милиони евра? Вашето молчење го наметнува одговорот дека изгледа главниот корисник на семејната каса сте вие, господине Никола Груевски“, рече Шеќеринска.

На прашањето каде живее Мијалков, Груевски имаше уште покус одговор:

-Посочената личност ќе одговори на сите прашања, уверен сум, на свој начин.

Потоа Шекеринска заклучи дека и овој кус одговор на премиерот појаснува зошто Мијалков не е министер за внатрешни работи.

– Како министер ќе мораше да поднесува сметки. Вака е недоприрлив, а премиерот не знае ништо, па дури се прави и дека не знае каде живее Мијалков. Молкот на премиерот покажува дека Мијалков се грижи за имотот на премиерот.

Вашиот анкетен имот нема поместувања во изминатите години, па затоа е јасно зошто другиот анкетен лист, на Мијалков, не е ист. Свесна сум дека вака директни прашања до премиерот можат да бидат ризична работа, рече на крајот Радмила Шекеринска.

После обвинувањата, Мијалков излезе до одговор до Шеќеринска, потсетувајќи ја дека ја користи истата теза како Љубе Бошковски, кој заради ваквите обвинувања јавно му се извини.

-Со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски. Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50% во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, во две одвоени трансакции по 25% кои вредеа по 500 000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист тврди директорот на УБК, Сашо Мијалков преку соопштение на Министерствтото за внатрешни работи на Македонија.

Тој изјави дека целосна лага и измислица се наводите за противзаконско богатење.

-Целосна лага и измислица се наводите за противзаконско богатење. Моите блиски и јавноста знаат дека пред стапувањето на функција, повеќе од 20 години сум се занимавал со приватен бизнис и дома и во странство, главно во областа на градежништвото. За сите овие години, против мене не е покрената ниту една пријава, што е уште е еден доказ на кој начин може и треба да се работи.

Со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски. Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50% во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, односно во две одвоени трансакции по 25% кои вредеа по 500 000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист.

Од таму се тие милион евра кои тогаш ги наведуваше Бошковски, а сега Шекеринска, споредувајќи ги со оснивачкиот влог во фирмата. Бошковски за истите клевети беше тужен и прогласен за виновен, по што и јавно се извинуваше дека самиот бил доведен во заблуда и манипулиран. Единствената разлика со првиот анкетен лист е во вредноста на накитот. Имено во првиот анкетен лист вредноста е наведена во евра, а во вториот во денари. Можам да потврдам дека во првиот анкетен лист е направена ненамерна техничка грешка, која е корегирана во вториот, вели Мијалков за Курир.

Тој додаде дека доколку Радмила Шекеринска поседува барем еден доказ во поткрепа на изречените клевети, утре да ги приложи на Јавниот обвинител или Управата за јавни приходи и ја повика јавно да му се извини за изречените неосновани обвинувања. Во прилог на изјавата Мијалков достави и писмо адресирано до Државната аганција за анти корупција.


Синоќа, после одговорот на Мијалков и потсетувањето на епилогот од обвинувањата на Љубе Бошковски, Шеќеринска на Твитер ја праша јавноста: Паралелава со Љубе треба да ја сфатам како закана?

Веќе попладнево, Шеќеринска во Собранието му порача на Мијалков:

-Апсете, заканувајте се, не се плашам.

„Немам намера да се извинам за кажување на вистината“, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

„Ако мислат дека споредбите со Љубе Бошковски ќе не уплашат се лажат, апсете, заканувајте се“, истакна Шеќеринска.

Таа истакна дека и по 24 часа од пратеничките прашања нема одговор, ниту реакција од премиерот, ниту од Директорот на тајната полиција, а ни од Дражавната антикорупциска комисија.

Мијалков незаводоволен од нејзиниот одговор, уште еднаш попладнево ја повика да пружи докази за обвинувањата или ќе биде тужена, повторно потсетувајќи ја како заврши спорот со Љубе Бошковски.

Но, што се однесува до прашањето каде тој живее навистина, одговори:

-Што се однесува до адресата која што ја интересира Шекеринска, од безбедносни причини не би можел да ја споделам со јавноста, но точно е дека во моментов живеам во стан под кирија. Доколку Шекеринска има барем еден доказ дека тој стан е моја сопственост и не сум го пријавил или пак дека постои било каква незаконитост во врска со ова, ја повикувам истиот да го приложи. Во спротивно и тоа ќе и се смета за уште една во низата измислици и клевети, се закани Мијалков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.