На конференцијата во Сараево, на која присуствуваат над 250 новинари истражувачи од 18 земји во Европа, дипломати, претсавници на меѓународни организации од регионот, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, уште еднаш повтори дека Македонија е единствена земја во регионот каде што новинар е во затвор поради неговото пишување.
-Случајот со Томислав Кежаровски кој веќе петти месец е во притвор поради негово пишување во Македонија е преседан. За овој случај и за нападите на новинари во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои не се расчистени интензивно говорам во последниов период. Ќе продолжам со истиот интензитет да ја бранам слободата на новинарите додека сум на оваа позиција – рече Дуња Мијатовиќ на конференцијата во Сараево.
Од Сараево
Саше Димовски




