Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, повеќе не бил вработен во партијата ВМРО-ДПМНЕ и сега бил дел од администрацијата на „Пелистерка“.
Ова го кажа самиот Јанакиески на денешното судско рочиште за рушењето на „Космос“ при проверката на личните податоци.
Во овој случај првообвинет е Никола Груевски, а покрај него обвинети се уште шест лица меѓу кои и Јанакиески.
Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година СЈО поднесе обвинителен акт.