Published: Wednesday, May 7, 2014 20:35
Драгиша Милетиќ изјави дека Чедромир Саздовски, кој денеска го зема уверението за пратенички маднат, пред извршниот одбор на ГРОМ се обврзал дека пратеничкиот мандат ќе му го остави нему.
-Тоа беше таков договор и Чедомир Саздовски тоа го рече пред извршниот одбор и тоа одлучно и отсечно дека ако излезе прв ќе се повлече, меѓутоа си го промени мислењето и сум зачуден затоа што спортисти си држат збор, а тој се прокламира како голем спортист, рече Драгиша Милетиќ за Телма телевизија.




