Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Го подобруваме квалитетот на животот на лицата со посебни потреби

0
By Нова ТВ on May 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 8, 2021 12:14

Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Радовиш.

На лицата со тешки пречки во телесниот развој им се обезбедува дневно згрижување, рехабилитација, психомоторна реедукација, индивидуална дефектолошка помош и поддршка, работно-производна активност, работна терапија и други активности и тоа преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион заедно со Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Струмица, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Гевгелија, Дневен центар за лица со посебни потреби во Валандово, Дневен центар за лица со посебни потреби во Радовиш, преку Швајцарската агенција за развој и соработка.

Според Милевски, со набавка на предвидената софистицирана иновативна опрема избрана согласно потребите на корисниците, нивниот развој, возраст и попреченост, ќе се овозможи професионално насочување за оспособување на лицата со посебни потреби и нивно идно вклучување во пазарот на трудот, за психомоторен развој и достапност до нивна посакувана локација.

– Во рамките на проектот направени се и обуки за работна окупација на вработените и корисниците во Дневните Центри за лицата со попреченост со цел правилно користење на набавената опрема која ќе им служи на лицата со попреченост како и еднодневни обуки за учење на правилата за параолимписката спортска дисциплина „Бочија“ согласно набавените реквизити во Дневните Центри, дополни Милевски.

Во рамки на буџетот од 2.360.256 денари набавени се три сета Сито печат со потребни репро материјали, три грнчарски вртникови колца, два разбоја, 54 силиконски модли четири компјутери, три принтери, две интерактивни табли како и три сетови репро материјали за изработка на магнетни украси и глинени украси. Набавена е и опрема и реквизити за психомоторен развој и вршење на останати едукативно-културни активности: два кошa, четрири кошаркарски топки, една ролер слајд лизгалка, една лулашка, еден сунѓераст тунел, еден базен со топки, една алпинистичка карпа, три трицикли, еден активити панел, 16 подни подлоги, една трака за трчање, 10 столчиња, две маси како и три лифткари.

Одржани 12 обуки за четворица вработени, четири волонтери и 17 корисници од Дневен Центар Гевгелија, четворица вработени и 11 корисници од Дневен Центар Струмица, еден вработен, еден волонтер и 15 корисници од Дневен Центар Радовиш, тројца вработени и 10 корисници од Дневен Центар Валандово со цел збогатување на секојдневните активности и благосостојбата на лица со посебни потреби со воведување на рекреативни, културни и професионално ориентирани реквизити и опрема и опрема за достапност.

Главната цел на овој проект е социјализирање и инклузија на околу 53 лица со посебни потреби како и подобрување на квалитетот на нивниот живот и здравствената состојба.

Во посета на Дневен центар за лица со посебни потреби Порака во Радовиш директорката изрази задоволство за спроведување на проектот и очекува дека лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени еднакво во општеството.

– Проектите од ваков вид се од посебно значење за нашата локална заедница и лицата со посебни потреби затоа што овозможуваат нивна инклузивност во работната и социјалната средина. Очекувам реквизитите кои се набавени да го збогатат амбиентот на нашиот дневен центар, да ги подобрат условите и да им помогнат на штитениците да стекнат нови професионални компетенции, додаде градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.

За Данче Поп-Иванова Илиева од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион придобивките од проектот се многубројни. Од една страна, појасни, ќе се овозможи вклучување на лицата со различни попречености во општествениот и социјалниот живот во Југоисточниот регион и зголемување на нивната самодоверба преку стекнување на нови знаења и вештини, а од друга страна овозможува подобрување на квалитетот на живот, ја зголемува нивната самодоверба, здравствената состојба, како и подобрување на секојдневниот престој во дневните центри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.