Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Пописот не е политика туку потреба да донесуваме одговорни одлуки врз основа на реални податоци

0
By Нова ТВ on January 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 30, 2021 11:18

Сите сме свесни дека простор за одложување на пописот нема и сите треба да покажеме максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што само така податоците ќе ни бидат од корист. И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на средбата што се одржа со градоначалниците во Собранието организирана од страна на Државен завод за статистика, наменета за Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.

Според него согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.

– Пред сите нас е огромна одговорност, затоа што како носители на високи јавни функции сме исклучително свесни што значи за една држава да нема спроведено попис 19 години. Да обезбедиме пристап до јавните услуги-здравство, образование, социјална заштита, за сите граѓани, да го планираме развојот и изградбата на комуналната и на социјалната инфраструктура согласно потребите, патишта, водоводи, училишта, детски градинки. Да создадеме услови бизнис заедницата да може да ги донесува одлуките врз основа на реални податоци за расположливите ресурси, порача Милевски.

Тој појасни дека во текот на минатата година министерството за локална самоуправа ја подготвуваше Стратегијата за регионален развој, која сега е во собраниска процедура, а во подготовката на документот беа вклучени експерти од сите клучни области, сите министерства кои што спроведуваат развојни програми, сите градоначалници како членови на Советите на планските региони, Центрите за развој и други надлежни институции. Биле направени темелни секторски анализи за мапирање на состојбите и за изведување на проекции за наредните 10 години. Главен и единствен проблем била релевантноста на статистичките податоци, кои се стари речиси 20 години. Според него за овој документ немало време да се чека пописот, а и тоа би значело неколку годишно стагнирање на развојот на планските региони и на општините, а новата Стратегија е услов за подготовка на регионални развојни Програми и проекти од планските региони и од општините кои што се финансиираат со средства од Буџетот.

-Без овие документи овие средства ќе останат нереализирани со што губиме сите, а најмногу граѓаните. Компромисот беше да обезбедиме континуитет со подготовка на Стратегијата врз основа на податоците со кои што располагаме, а по пописот целосно да ја ажурираме. Го направивме тоа што моравме, затоа што имаме одговорности кои што произлегуваат од закон. Имаме одговорности и пред Европската Унија и донаторската заедница во користењето на нивните средства. Никој не ви дава да трошите средства ако преку прецизни индикатори не ја прикажете моменталната состојба и резултатот кој што сте се обврзале да го постигнете. И се доведуваме во ситуација да се објаснуваме и да бараме одложување, а главен аргумент ни е пописот за кој сме се обврзале дека ќе го спроведеме оваа година, појасни Милевски.

Тој порача дека е нужно што поскоро, преку успешно спроведен попис, државата да обезбеди објективни и целосни статистички податоци врз основа на кои што ќе го планира сопствениот развој и развојот на општините и на планските региони, а државата да има квалитетни податоци за поголема апсорбција на средства од ИПА инструментот на ЕУ и од други донатори. – Треба да покажеме дека сме организирана држава која што може да спроведе попис и да обезбеди бази на податоци без кои што не можеме да зборуваме за интеграција во Европската Унија, без кои не можеме да креираме одговорни политики како земја членка на НАТО. На секој разумен човек му е јасно дека натамошното одложување би било крајно неодговорно, а штетата огромна и ненадоместлива и за државата и за граѓаните. Ние не смееме да си го дозволиме тоа. Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава, за да можеме да донесуваме рационални одлуки во интерес на сите граѓани, рече Милевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.