Осигурителната компанија „Лојд“ од Лондон нуди награда од 1.000.000 € (1.300.000 $) за информација која ќе ја открие трагата на крадците кои пред неполн месец во Кан украдоа накит вреден над 40 милиони евра.
„Награда од над 1.000.000 евра е понудена на првиот човек кој ќе достави информации за крадецот и местото каде што се наоѓа накитот“, изјави портпаролот на француската полиција.
Грабежот се случи на 28 јули во хотелот „Карлтон“. Ова е трет по ред ваков случај од мај годинава.