Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милион граѓани бараат оставка од претседателката на Бразил

0
By Нова ТВ on August 17, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 17, 2015 13:52

Речиси 900.000 Бразилци, според полицијата, протестираа вчера барајќи од претседателката на Бразил Дилма Русеф да даде оставка поради нејзината вовлеченост во скандали на корупција и економско-политичка криза. Според организаторите, протестирале 2 милиони луѓе.

Во март протестирале 3 милиони луѓе од истите причини.

Протестот го организирало граѓанско движење со поддршка на еден дел опозицијата а протестите се одвивале во повеќе градови.

Граѓаните бараат оставка или деституција на претседателката. На протестот имаше транспаренти на кои пишуваше “Оди си Дилма!” и “Не на корупцијата!”.

“Ќе протестираме до крај. Се до пад на претседателката. Таа мора да си оди и да ја ослободи земјата од мафијата на нејзината Партија на работниците”, изјавиле за АФП граѓаните кои биле излезени на протестот.

Дилма Русеф се соочува со троен скандал. Од една страна тука е економската криза која ја натера владата да воведе мерки за штедење кои не се популарни кај населението.

Освен тоа, беше откриен скандал на корупција околу нафтениот гигант Петробрас во кој е вовлечена левата партија на Русеф. Во скандалот Петробрас се работи за сума од 4 милијарди долари кои биле проневерени од страна на ова јавно претпријатие а постоја сомненија дека овие пари биле префрлени кај политички партии особено оние блиски до владината коалиција на Русеф.

И конечно, земјата се соочува со политичка криза која лесно може да го турне мнозинството во Парламентот.

Русеф е поранешен борец против воената диктатура во Бразил. Таа изјави дека нема да попушти пред притисокот и заканите и потсети дека нејзиниот легитимитет се гласовите добиени на изборите кои биле фер и слободни. Русеф смета дека разноликоста на интересите на опозицијата ќе и помогне да остане на функцијата.

Претседателката ќе мора да се соочи со две процедури. Наскоро судот треба да се произнесе дали владата го нарушила законот во 2014 година со тоа што ги натерала јавните банки да ги платат трошоците на државата.

Освен тоа, суд треба да пресуди дали сметките на изборната кампања на претседателката биле контаминирани со пари на Петробрас. Ваква пресуда би можела да ги поништи изборите одржани во 2014 година и да донесе одржување на предвремени избори.

Аецио Невес, претседателот на Социјал-демократската партија, центар-десно, кој ги загуби изборите пред една година, за прв пат вчера ги повика своите поддржувачи да излезат на протест.

«Доста е од корупција. Мојата партија е Бразил», рече тој.

Од друга страна, еден економист на консултантската фирма Градуал Инвестмен, вели дека средната класа сака да ја бутне Русеф од власт но се прашува: «Но кој да дојде на нејзино место. Газдите на фирмите и елитата сметаат дека ќе биде уште полошо доколу Русеф си замине», вели тој. Според него, во овој период на буџетска криза, отпуштања од работа и мерки за штедење, подобро е левата Партија на работниците да биде на власт отколку и таа да излез на улица да протестира.

Претседателката Русеф има 64 години и има бугарско потекло. Таа пред неполна година го почна својот втор мандат. Но нејзината популарност падна на драматично ниски 8 отсто поддршка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.