Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милионскиот план на Протоѓер: Овоштарник да продаде за бензиска

0
By Нова ТВ on April 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 17, 2015 14:59

Ден по објавувањето на 21. опозициска „бомба“ во Охрид, Мартин Протоѓер не ги коментира обвинувањата на првиот човек на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев дека шефот на премиерскиот кабинет договарал промена на урбанистички план и можна продажба на сопственото земјиште на странска компанија иако на тоа место била планирана туристичка зона и заштита на Студенчишкото блато како природен споменик.

Тунтев вчера објави три телефонски разговори меѓу Мартин Протоѓер и неговиот сопартиец и министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои, како што велат од СДСМ, потекнуваат неколку месеци по локалните избори во 2013 кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид . Oд снимките може да се разбере дека Протоѓер инсистира Јанакиески и Бакрачески да му овозможат неговата парцела да биде урбанизирана со тоа што тој подоцна би ја продал на „Лукоил“ за да изгради бензиска пумпа. Протоѓер на Јанакиески му објаснува дека земјиштето се наоѓа веднаш до патот кој од Охрид води до сите плажи и дека ако на тоа место никне бензиска, таа ќе биде единствената на тој правец и затоа верува оти „Лукоил“ би биле заинтересирани.

Јанакиески смета оти на тоа место цената на земјиштето не би требала да биде под 100 евра за квадрат, додека есапот на Протоѓер е дека реално би била околу 200.

Според Катастарот на околу километар и половина од излезот на Охрид во правец на плажите, откако ќе се одминат Билјанините извори, токму кај Студенчишкото блато парцела поседува мајката на Протоѓер, Поликсена. Денес парцелата на Поликсена Протоѓер сѐ уште е овоштарник и се протега на околу 4.600 квадрати.

Доколку Протоѓер би ја продал оваа парцела по 200 евра од квадрат, како што планирал, би заработил над 900.000 евра.

Во третиот разговорот Протоѓер ургира кај Јанакиески и за земјиштето на неговите роднини во близина на неговото. Тој бара, како што вели, тие 8.000 до 9.000 квадрати на неговите блиски да станат земјиште на кое ќе може да се изградат бунгалови со приземје плус два ката, оти неговите роднини нашле и инвеститор за проектот. На сугестијата на Јанакиески дека ако Мартин ја продаде земјата за бензиска, ќе нема како да се стигне до идните бунгалови, Протоѓер му објаснува дека зборувал со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и оти тој му ветил дека ќе направи пат.

Јанакиески го советува Протоѓер, сепак, да се урбанизира само неговата парцела бидејќи многу посложена би била процедурата доколку се уредува и земјиштето на неговите роднини.

Не успеавме денеска да стапиме во контакт со Протоѓер преку владиниот портпарол Александар Ѓеоргиев и да дознаеме како мајката на Протоѓер станала сопственик на земјиштето, иако најверојатно го добила во наследство бидејќи и другите негови роднини поседуваат овоштарници во непосредна близина.

За СДСМ е спорно тоа што Мартин Протоѓер од позиција на „десна рака“ на премиерот Никола Груевски крои урбанистички планови коишто нему ќе му донесат голема финансиска добивка, а кои би оделе на штета на природното богатство кај Студенчишкото блато.

ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната реакција на 21. „бомба“ се произнесе дека СДСМ со креираните и манипулативни материјали сама да се „испере“ за криминалното владеење на нивниот поранешен градоначалник Аце Петрески и раководството на СДСМ во Охрид.

Во нивното соопштение нема конкретна реакција за снимките околу плацот на Протоѓер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.