„Антонио Милошоски од вчера започнал со работа како нотар. Еве го извадокот од Службен весник којшто потврдува дека Милошоски си нашол резервна позиција во нотарската професија, свесен дека Груевски заминува од политиката, а ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција“, соопшти СДСМ.
Оттаму како доказ доставија и објава од Нотарската комора објавена во „Службен весник“, каде пишува дека од вчера Милошоски почнува со работа, нотар на територијата на подрачјето на Скопје.
„Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и еден од најблиските соработници на Груевски напразно лажеше дека решението за нотар наводно му било во мирување и тој наводно останувал со Груевски и со партијата. Потегот на Милошоски покажува дека почнаа напуштањата на Груевски и тоа од страна на неговите најблиски соработници“, велат од СДСМ.