Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.
„И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата. Секое добро“, напиша Милошоски на неговиот Фејсбук профил.
Милошоски во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со покачена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковид-19.