Екс министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски нема да влезе во трката за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември, објави Фокус.
„Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа“, изјавил Милошоски на прес конференција.
Фокус пишува дека Милошоски ќе работи како нотар откако во центарот на Скопје веќе извесно време подготвувал канцеларија.
Милошоски од 2006 беше министер за надворешни работи, но по парламентарните избори во 2011 година се повлече од функцијата за потоа да стане пратеник во Собранието.