Сторителот (или сторителите) на нападот во трговскиот центар Олимпија во Минхен се се уште во бегство, а полицијата советува луѓето во Минхен да останат во своите домови и да ги избегнуваат јавните места. Полицијата се уште не ги потврдува информациите за неколкуминa жртви во нападот.
Инаку во моментов во тек е полициската операција во трговскиот центар. Хеликоптери го надлетуваат местото, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.
Како што јавуваат медиумите запрено е движењето на возовите во метрото, трамваите и автобусите, а за време на нападот загинати и повредени биле повеќе лица.
Како што претходно објави „Билд“, вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал во луѓето. После тоа избегал кон метрото. На социјалната мрежа Твитер, се појави и видео од тоа како луѓето бараат засолниште по пукањето.
Shooting in #Munich shopping mall #OEZ!! People running away to seek shelter!! pic.twitter.com/PB189s6RQy
— Thamina Stoll (@thaminastoll) July 22, 2016
Безбедносните сили во Германија се во состојба на подготвеност откако во понеделникот имигрант од Авганистан со секира и нож изврши напад во воз рани пет лица во Баварија. Властите предупредија на опасност од нови напади.