Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката за култура Стефоска моли за поддршка на процесот за зацелување и заживување на НУБ „Свети Климент Охридски“

0
By Mirjana on August 25, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски“. Таа е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944-та. Децениската негрижа кон оваа ризница зборува за сите нас. Ги повикуваме медиумите, а со тоа и јавноста, не за да бараме изговор за лошата слика таму туку да замолиме за поддршка во процесот на зацелување и заживување на просторот кој го чува нашето национално богатство и кој бил дел од нашето студентско минато – изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, при денешната работна посета на НУБ „Свети Климент Охридски“ каде што беше во обиколка со новинарите.

Придружувана од новата в. д. директорка, Јелисавета Костадинова, министерката Стефоска информираше дека од пред неколку недели НУБ „Свети Климент Охридски“ има нов тим, тим од вработените без чија огромна професионална љубов и грижа, како што истакна таа, можеби состојбата ќе беше многу полоша.

– Тие ја заслужуваат нашата поддршка и таа поддршка ќе ја добијат – рече Стефоска.

Во изјавата за новинарите, министерката за култура соопшти дека е формирана специјална работна група за утврдување на состојбата во НУБ од сите аспекти, која изготвува план за ревитализација на Библиотеката.

– Архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и бидејќи сė е во ред со проектот, тој влегува во програмата за следната година. Се прави пресек на финансиско-нормативното работење на НУБ „Свети Климент Охридски“ – рече Стефоска. Таа додаде дека почнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за Културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување, како и вложување во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд.

– Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета  содржина започна. Сакам да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ „Свети Климент Охридски“ е многу повеќе. НУБ е емоција – рече Стефоска и ги повика сите општествено-одговорни компании и поединци да се приклучат, да бидат дел од онаа генерација што ја ревитализирала Националната и универзитетска библиотека.

– Нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле своите национални библиотеки. Веќе водиме разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – изјави министерката за култура.

При прошетката низ објектот, новинарските екипи, водени од в. д. директорката Костадинова, имаа можност да ја видат состојбата во читалниците, депото, Центарот за дигитализација за кој беше потенцирана потребата од повеќе стручен кадар и современа опрема.

Костадинова пред новинарите повика на свесност за непроценливото значење на овој објект и укажа на неговата долгогодишна импозантност и сјај, кој, како што рече, веројатно избледел под „забот на времето“, но ни во миг не е намалена неговата важност за државава. Костадинова упати апел за поддршка од општествено–одговорната јавност, особено потребна во делот на санација на посебните читалници, кои некогаш служеле за научно-истражувачка работа, и нивно осовременување и комјутеризација.

Таа информираше дека покрај тоа што е расчистено предворјето на НУБ, се расчисти и внатре, а спомена дека е неопходна чуварска служба. Костадинова ги посочи архивите на весникот „Нова Македонија“ и напорите да се дигитализираат за полесно искористување на овој драгоцен новинарски архивски материјал.

Костадинова информираше дека веднаш по завршувањето на изборите, ќе почне реализацијата на проектот за санирање на една од читалниците, за што се одобрени средства за оваа година, и ја најави санацијата на покривот за следната година.

Во рамките на посетата на НУБ, новинарите беа дел и од снимањето на филмот на Теона Митевска – „Најсреќниот човек на светот“ – мешовита меѓународна копродукција, кој се снима во НУБ „Свети Климент Охридски“. Продуцентката, Лабина Митевска, во кусата изјава за новинарите ја посочи важноста на овој објект, во кој тие како продукција веќе вложиле средства за санација на една од читалниците, и упати повик сите заедно да придонесеме за враќање на достоинството, сјајот и животот во НУБ.

 

НУБ реформа Стефоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.