Published: Tuesday, March 24, 2015 18:51
Средношколскиот пленум до крајот на неделава ќе седне на заедничка маса со министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, јавува телевизија 24 Вести.
Средбата денеска ја потврди и ресорниот министер кој не кажа дали ќе отстапат од екстерното тестирање и новиот модел на државна матура, туку на учениците ќе им објасни зошто математиката е суштински битен предмет, а од оваа година и еден од трите задолжителни во државната матура.
Министерот Адеми не откри дали ќе има средба и со Наставничкиот пленум кој во неделата излезе на мирен протест и му достави писмени барања за стопирање на законите за средно образование и укинување на екстерното тестирање.
извор: 24vesti.mk




