Министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека е заразен со коронавирусот.

– Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал тестот е позитивен – напиша Адеми на Фејсбук.

Тој апелира сите да ги почитуваат максимално протоколите заради нивното здравје и здравјето на блиските.