Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со телеграма ги извести сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор.
Како министер за внатрешни работи избран со Одлуката за избор на членови на Владата на РМ, врз основа на законските овластувања, информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесувањето на наведената одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, престануваат да важат, пишува во известувањето.
Со реакција на својот ФБ профил се огласи поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Техничкиот министер Оливер Спасовски само по неполни 24 часа од стапување на функција направи хаос во Министерството за внатрешни работи, спротивно од законот доцна попладнево испратил итна телеграма до сите вработени дека им ги одзема ингеренциите, напиша на својот ФБ профил Јанкуловска.

