Министерот за правда Билен Саљили вечерва во Владата на прес конференција соопшти дека дава оставка од министерското место.
Тој како причина за оставката го наведе судскиот случај со малиот Алмир.
– Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка – рече Саљили.
Toj посочи дека оставката ја дава од морални причини, а не под притисок или неуспех.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=eE0nylp1qM0