НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерски оставки во Грција: Земале надомест, а имале милиони

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот министер за економија Димитрис Пападимитриу денеска поднесе оставка, откако неговата сопруга Ранија Антонопулу, заменичка министерка за труд, социјално осигурување и социјална солидарност, синоќа поднесе оставка по скандал со примање надомест за изнајмување стан.

Грчката државна телевизија ЕРТ јави дека Пападимитриу поднел оставка поради солидарност кон својата сопруга.

Грчките медиуми открија дека Антонопулу, која од 2015 година е задолжена за невработеноста, барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милион долари. Таа во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан.

Медиумите тврдат дека според изјавата за доходите, Антонопулу и нејзиниот сопруг Пападимитриу, во 2015 година имале доходи од 450.000 евра и поседуваат речиси половина милион евра во банкарски депозити, како и имоти во Грција и странство.

Портаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека премиерот Алексис Ципрас разговарал со Антонопулу и и рекол дека „не е во ред“ таа да користи такви надоместоци, и оти ја прифатил и оставката на нејзиниот сопруг.

Антонопулу изјави дека не сакала да злоупотребува, но го искористила надоместот затоа што имала право на тоа. Таа рекла дека ќе ги врати парите на државата.

Оставка од заменичката министерка бараа претставници на опозициските партии тврдејќи дека е непристојно да и се даде надомест кога Грција се соочува со економска криза.

Грчката Влада наведе дека планира на членовите на Кабинетот да им го да укине плаќањето надомест за изнајмување станови.

Грција министер за труд надомест за стан оставки сопруга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.