Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за плачење

0
By Менче Атанасова Точи on March 9, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една мајка која три месеци не добила пари за посебен додаток за нејзиното дете со посебни потреби, како и надоместок з а трето дете деновиве  со плачење си заминала од Центарот за социјална работа во Струмица.  Таа отишла  по кој знае кој пат да си ги бара парите бидејќи нема за лекови за нејзината ќерка, за млеко за нејзиното трето дете, за храна.

Од таму била избркана со зборовите„повеќе да не се појавуваш на шалтер до следната исплата“ бидејќи како што рече, службеничката не ја интересирало дали има пари да му купи лекови на детето. Оваа млада жена има Решение за посебен додаток, но парите ги нема добиено. Веќе трет месец е така. А, за некој ден има закажано преглед за нејзината ќерка на скопските клиники. Плачејќи на глас прашува, од каде да најде пари за да го однесе девојчето на лекар. Денеска ми соопшти дека нема можност да ја однесе ќерка и на преглед.

Малку подалеку, во струмичко Бања Банско самохран родител на две деца од кои едното е болно од леукемија исто така три месеци чека да добие посебен додаток од 6500 денари. Тоа се единствените средства од кои живее ова тричлено семејство. Нема пари за лекови, за овошје, за избрана храна за болното дете. Всушност, нема воопшто пари за храна. Се намачил овој родител, земјоделец, ја запустил и фирмата што ја имал регистрирано, зашто морал да го носи своето дете на лекување во Италија.

Од лекарите тука не добил конзилијарно мислење за лекување во странство, од Фондот за здравство не добил ниту денар за трансплантацијата која чинела 130 000 евра. Сето тоа паднало на товар на италијанскиот Фонд благодарение на роднините кои ги има во оваа земја. Изгледа неверојатно, но е вистинито. Зошто осумгодишното дете не добило можност за лекување од оваа држава? Ќе понесе ли некој одговорност за тоа? Зошто сега кога ситуацијата малку се стабилизирала од уста му го земаат и тоа што му следува, правото на посебен додаток на неговиот татко кој се грижи за него и брат му, како самохран родител.

Овие двајца родители не се единствените кои нестрпливо чекаат на исплата од Министерството за труд и социјала. Многу од нив кои добиле Решение, а немаат добиено пари. Други пак се уште не добиле решение, а  им с е исплатени средствата. Не се знае по кој критериум ресорното министерство ги исплаќа средствата. Како е можна исплата без Решение дека им се одобрува право на посебен додаток? По кој основ се прави тоа? Институцијата која по својата природа се занимава со социјални проблеми ја изгуби основната цел за која постои- хуманоста.

Всушност, вистината е дека најранливите категории граѓани, тешко болните и децата со посебни потреби секоја година во првите два месеца се соочуваат со истиот проблем. Причина е обновата на документацијата која ја бара Министерството за труд и социјала. Тоа се тие лекарски извештаи во кои мора да стои дека нема промена во дијагнозата. Или дека родителот не се преженил или премажил, ако е самохран.

Документација со која само с е отежнува  патот до правото на надоместок, се прават непотребни трошоци, а дијагнозата е непроменлива. Таква обнова на документацијата бараат за  слепи, глуви, за лица со церебрална парализа, хендикеп, тешко болни кои земаат туѓа нега, деца со посебни потреби. Кај кои од нив може да има промена на дијагнозата?  Овие дијагнози се трајни.

Во Министерството з а труд и социјала велат дека средствата се исплатени, а корисниците да проверат да не имаат проблем со сметките во банка. Зарем цела држава, сите корисници имаат проблем со сметките? Се подбиваат ли со немоќните?  Тие хуманите, од Министерството од кое луѓето излегуваат расплакани. Како мајката на девојчето со Даунов синдром или таткото на детето болно од леукемија.

 

 

 

посебен додаток родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.